Бугарските царински власти денеска запалија 298 килограми запленета дрога, чија вредност на уличниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра, пренесоа француските медиуми.
Меѓу уништената дрога се наоѓа марихуана, како и 124 килограми хероин, која од сите опијати најмногу се шверцува во Бугарија. Сета дрога била запалената на границите.
Според бугарскиот закон, дрогата мооже да се запали само откако се донесат правосилни одлуки во судските постапки против шверцерите. Во меѓувреме, дрогата се чува како доказен материјал.
Во последните 11 години, бугарските власти запалиле речиси 29,9 тони шверцувана дрога.