Изненадете ги вашите домашни …
Потребно е:
500 гр брашно
1 лажица сув квасец или 1/2 коцка свеж
1/2 лажиче сол
на врв на нож шеќер
1 лажица масло
млака вода, колку што треба
за филот:
200 гр фета сирење
3 лажици маслиново масло + 1 лажица за премачкување на тавата
1 лажиче оригано
за премачкување:
1 жолчка
3-4 лажичиња сусам
Подготовка:
– Во малку млака вода издробете го квасецот и ставете ги солта и шеќерот. Оставете го садот на топло место за да стаса квасецот. Ако користите сув квасец тогаш овој чекор ќе го прескокнете.
– Во еден подлабок сад ставете го брашното, маслото и стасаниот квасец и замесете тесто. Додавајте млака вода по потреба. Тестот треба да биде како тесто за пица. Обликувајте го како топка, покријте го со крпа и оставете го да нарасне 30-45 минути.
– Издробете го фета сирењето.
– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во форма на круг. Можете и малку со раце да се помогнете.
– Тестото премачкајте го со маслиново масло, посипете со оригано и распоредете го издробеното фета сирење.
– На едиот крај на тестото кон себе, направите отвор до средината на кругот, а потоа со двете раце завиткајте го тестото како ролат. Кога ќе дојдете до крајот, ролатот внимателно раширете го со рацете.
– Тестото замотајте го како полжав и ставете го во кружен керамички сад претходно премачкан со масло. Садот оставете го на топло околу 30 минути за да нарасне тестото. Премачкајте го со изматена жолчка и посипете со сусам.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути.