Општина Битола со препораки до граѓаните за заштита од загадувањето

Од:

Општина Битола упати препораки до граѓаните за заштита на сопственото здравје од загадувањето на воздухот кое е последователно регистрирано деновиве во тој град.

Од Секторот за односи со јавност посочуваат дека граѓаните треба да го користат јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба или повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.

– Порачуваме граѓаните правилно да ги користат печките на дрва, да не се врши затоплување на просториите со прегорено отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, парчиња гума или синтетички материјал, информираат од тамошната локална самоуправа и нагласуваат да се почитуваат препораките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје за начинот за заштита на здравјето на отворен простор и загадени зони во градот.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС