Директорот на ФЗОМ, Стефаноски ја посети подрачната служба во Кавадарци

Од:

Во рамки на отворените денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски денеска ја посети подрачната служба во Кавадарци и се сретна со осигурениците.

Стефаноски истакна дека присуството меѓу граѓаните е континуирана заложба на Фондот за да се воочат добрите и лошите страни од работењето, ако се детектираат евентуални слабости, да се направат напори тие да се отстранат.

– За нас најважно е задоволството на осигурениците. Се што правиме е во насока на подобрување на условите во здравствениот сектор и подобрување на условите за македонските граѓани, кои имаат потреба од користење на здравствена услуга. Ми претставуваше задоволство да можам директно од осигурениците да слушнам одредени нивни гледишта. Добивме одлични предлози за унапредување на дел од работите за кои е надлежен Фондот, посочи Стефаноски.

Како што нагласи, со тоа само се потврдува дека граѓаните имаат потреба директорите на државните институции да бидат меѓу нив и меѓусебно да разговараат.

Стефаноски денеска ќе посети и една од новоотворените специјалистички ординации, „Медика Пењушкови” во кавадаречкото село Ваташа.

– Тоа е една од шесте специјалистички ординации со која Фондот склучи договор, по добивање на дозвола од Министерството за здравство. Со тоа значително ќе се подобри специјалистичката здравствена заштита за граѓаните на Кавадарци и околината, што ќе биде една додадена вредност и заштеда на време и ресурси за нив. Нема да мора да патуваат до подалечните градови, да добиваат специјалистичка услуга. Го прошируваме опфатот на специјалистите во Кавадарци, додаде Стефаноски.

Тој ќе ја посети и ЈЗУ Општа болница во Кавадарци каде ќе се сретне со директорот, менаџерскиот тим и началниците на одделенијата и поширокиот колегиум на здравствени работници од болницата. Со нив директно ќе се поразговара околу условите за работа и аспектите на нивната работа.

– Ќе отпочнеме и постапка на договарања околу новиот буџет за 2017 година. Фондот за здравствено осигурување става фокус на Кавадарци како и на сите останати градови во Република Македонија. Изминативе две години исклучително е забележливо зголемувањето на буџетот на сите здравствени установи, меѓу кои е и кавадаречката општа болница, рече Стефаноски.

Само за илустрација, нагласи, буџетот за оваа болница последните две години е зголемен за најмалку 15 милиони денари. Додаде дека тоа се средства кои треба да се искористат за подобра и поквалитетна здравствена заштита за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on