(ВИДЕО) СДСМ: Казнената политика на ДПМНЕ го оптоварува бизнисот во Битола!

Од:

„Казнената политика и арачот што го врши власта предводена од ДПМНЕ, ги фрли на колена малите и средните претпријатија во Битола“, рече Васко Ковачевски.

Само во последните неколку денови во градот беа затворени 30-тина дуќани. Да претпоставиме дека во нив имаше само по 3 – 4 вработени, тоа значи дека на улица останаа стотина наши сограѓани. Инаку, во оваа 2012 година во Битола се казнети и затворени над 200 дуќанџии.

За да не бидеме извадени од контекст, како што обично бидува – СДСМ не е против спроведување на законите и почитување на истите . Но не со ваква лоша, репресивна казнена политика, која дополнително го оптоварува малиот и средниот бизнис кој едваj преживува.

Затоа, уште пред 5 месеци, пратеничката група на СДСМ поднесе амандман со кој се бара намалување на казните на половина. Со измените на законот би се примениле европските пракси и стандарди, каде што најпрво се опоменува, а дури потоа се казнува. Односно, казнување да не значи и затворање на дуќанот за 15 до 30 дена, што пак повлекува намалување на профитот и отпуштање на вработените.

Ваква измена би придонела за подобрување на бизнис климата и унапредување на казнената политика преку намалување и рангирање на прекршоците.

Нажалост, овој амандман пратениците од ДПМНЕ не го изгласаа.

Сакаме да ги информираме, со цел да ја разбудиме нивната совест, дека 98 проценти од стопанските субјекти во Македонија се мали и средни претпријатија, во кои се вработени 70 проценти од граѓаните. Сите тие учествуваат со 60 проценти во бруто домашниот производ.

Со уништувањето на овие фирми, власта си ја уништува сопствената економија како и социо-економската иднина на своите граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски