Едноставно и брзо, идеална салата ако немате многу време за подготовка …
Потребно е:
150 гр мајонез
1 лажица сенф
1 мала конзерва пченка шеќерец
1 мала тегличка маринирани сецкани шампињони
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Во подлабока чинија измешајте ги шампињоните и пченката.
– Во друг сад соединете ги мајонезот и сенфот, додадете сол и бибер по вкус и убаво измешајте.
– Со оваа смеса прелијте ги шампињоните и пченката и измешајте.
– Пред да ја послужите оставете ја салатата убаво да се излади во фрижидер.