(ВИДЕО) Георгиевски: Ние ќе бидеме тие кои ќе ја одлучуваме и ќе ја правиме новата Влада на Македонија

Од:

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, на вчерашниот митинг на Колицијата „ВМРО за Македонија“ изјави дека на минатите парламентарни избори направиле грешка што трите партии не биле соедините како сега бидејќи според анализите ќе биле освоени помеѓу 60.000 и 70.000 гласови што значи минимум 10 претници во Собранието.

Според Георгиевски, двете најголеми политички партии не бираат средства да се извалкаат меѓусебе и на тој начин да и наштетат на Македонија. Тој ги запраша граѓаните после 2 ипол години криза што доби Македонија од оваа битка.

-Меѓународно сме тотално изолирани како држава и каде сме на економски план. Едните не бираат средства колку ја задолжуваат Македонија само за да купат гласачи, а другите за жал се радуваат на секоја штета направена на Македонија, вели Георгиевски.

Тој потсети и дека граѓаните не треба да гледаат на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ преку призмата на ВМРО-ДПМНЕ ниту преку призмата на СДСМ туку како посебен субјект на политичката сцена и алтернатива на сите други политички партии и спас доколку не сакате да го видите она што се случува во минатите години.

-Ние ќе бидеме тие кои ќе ја одлучуваме и ќе ја правиме новата влада на Македонија, рече Георгиевски.

Според Георгиевски, граѓаните се тие кои страдаат од двете најголеми политички партии кои бараат 63 пратеника и додаде дека „ВМРО за Македонија“ е структурата која ја донесe демократијата во Македонија и водат реална политика.

-Во минатите 10 години тешко дека Македонија можеше да се споредува со било која демократска држава, а можеме и да зборуваме дека стравот беше основна водителка во нашиот живот, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Георгиевски: Палевски направи весник специјално против мене, беше пријател на Црвенковски, Верушевски, Димовска, Костов

Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе

Предраг Петровиќ

Поранешните премиери Бучковски и Георгиевски ќе бидат дел од новиот клуб за македонско-бугарско пријателство

Планот на Георгиевски е срамен за Македонија, реагира градоначалникот на Куманово

Катерина Ѓуровски

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Жарко Настоски

Георгиевски: Голем срам за Косово што не покани македонска делегација

Ана Ололовска