УЈП Струмица со едукативни предавања за приходи од имот

Од:

Управата за јавни приходи, регионална канцеларија Струмица почна со едукативни предавања за запознавање на граѓаните за видовите данок кои потенцијално може да ги плаќаат.

Остварувањето приходи од имот и имотни права беа темата на денашната работилница, на која даночните обврзници одблиску се запознаа со деталите кои произлегуваат од овие добивки.

– Приходи од имот и имотни права се остваруваат преку издавање под закуп на движен или недвижен имот. Практично низ примери ги запознаваме граѓаните како да пријавуваат, роковите до кога може да го пријават овој вид приход, како да пресметуваат и како доброволно да го плаќаат данокот, објаснува Мери Тасева од УЈП Струмица.

Таа истакна дека пријавувањето на приходот од имот и имотни права треба да се направи во рок од 15 дена од остварувањето на добивката.

– Даночните обврзиници треба во рок од 15 дена да го пријават остварувањето на приход од имот. Во овој рок од остварувањето на приходот се пополнува аконтативна даночна пријава што е објавена на веб страницата на УЈП. Пријавувањето се врши во канцеларијата во која е остварена добивката, но доколку даночниот обврзник не е во можност таму да го пријави, може во УЈП Струмица, од каде ние по службена должност ќе ја испратиме пријавата до соодветната канцеларија, вели Тасева.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет