Иванов прими акредитиви од новоименуваните амбасадори на Виетнам и Норвешка

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Норвешка и на Социјалистичка Република Виетнам во Република Македонија, Нилс Рагнар Камсвог и Ле Дук Луу.

Честитајќи им ја  новата функција на амбасадорите, Иванов  им посака успех во вршењето на амбасадорската должност.

На средбата со норвешкиот амбасадор било искажано уверување за продолжување на соработката меѓу двете земји со несмалена динамика и за интензивирање на политичкиот дијалог. Притоа, претседателот Иванов се заблагодарил за досегашната помош и поддршка од Кралството Норвешка.

– Ценам дека меѓу нашите две пријателски земји постои сè уште неискористен потенцијал за натамошно интензивирање и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, посебно во сферата на економијата, истакна Иванов во поздравното обраќање.

Потврдувајќи дека норвешката Влада е силно посветена на интеграцијата на Европа, амбасадорот Камсвог се заложи за натамошна поддршка и блиска соработка со Република Македонија.

Амбасадорот посочи дека Норвешка е импресионирана од постигнатото во Република Македонија во последните години. – Во текот на последните 12 години Норвешка придонесе со околу 100 милиони евра, во вид на помош, за Македонија. Наша цел е оваа програма да продолжи и во иднина за да се овозможи помош во реализацијата на вашата агенда за евроатлантска интеграција со продолжување на програмите за соработка во клучните сектори, истакна во обраќањето амбасадорот на Кралството Норвешка,  додавајќи дека двете земји имаат одлична соработка во областа на  одбраната и во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На средбата со новиот амбасадор на Виетнам била изразена подготвеност за развивање на економската соработка меѓу двете земји.

– Ги охрабрувам сите иницијативи за унапредување на економската соработка и трговската размена, со цел искористување на расположливите потенцијали на двете земји. Во таа насока, ја искажувам мојата поддршка за иницијативите за јакнење на правната рамка меѓу Република Македонија и Социјалистичка Република Виетнам, изјави во обраќањето претседателот Иванов.

Виетнамскиот амбасадор се заложил за промоција на традиционално пријателските односи меѓу двете земји и за јакнење на меѓусебната соработка.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on