Конференција на која ќе биде презентиран системот што ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги „Хунгарикум“, организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Амбасадата и Министерството за земјоделство на Република Унгарија.
Како што соопшти ССК, целта на конференцијата е да се презентираат позитивните примери, да се разменат искуства и да се поттикне бизнис соработката меѓу унгарските и македонските компании кога станува збор за промоција на традиционалните производи на меѓународниот пазар и нивната заштита под заеднички бренд.
Пред присутните ќе се обратат амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Дукс, оперативниот директор на ССК Александар Зарков, заменик државниот-секретар во Унгарското министерство за земјоделство Лоранд Иштван Сакали и економскиот советник во Амбасадата на Унгарија Ервин Сзел.