Спахиу: ДУИ ќе воведе државна награда за 22 Ноември

Од:

Носителот на кандидатската пратеничка листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за четвртата Изборна единица Артин Спахиу денеска на прес-конференција најави измени на Законот за државни награди.

– Пратеничката група на апсолутниот победник на изборите, ДУИ, ќе предложи и ќе усвои предлог измена и дополнување на Законот за државни награди, при што, ќе овозможиме доделување на наградата 22 Ноември за посебни достигнувања во областа на науката, културата, образованието и спортот, рече Спахиу.

За ДУИ, наведе, 22-ри Ноември, Денот на азбуката е многу значаен датум зашто начелата и идеалите што произлегоа од таа иницијатива станаа патоказ и инспирација за продолжување кон понатамошна имплементација и унапредување на тие начела.

– Засега, 22 Ноември е само во категоријата на празници на етничките заедници. ДУИ, како политичка сила која секогаш знаела да го унапреди националното прашање и која ги направила епохалните промени за Албанците, како дел од својата политичка платформа за овие парламентарни избори го има и издигнувањето на овој датум на највисоките државни нивоа, рече Спахиу.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите