Израелскиот дизајнер Дега продава хулахопки со делови од различни романи и цитати од познати автори.
Дега верува дека на овој начин им оддава почит на авторите и нивните дела. Деловите од книгите испишани се на хулахопките кои доаѓаат во различни бои и кои се повеќе наменети за оние кои сакаат да носат поинаква облека од другите, а не толку за оние кои навистина сакаат да читаат.
Во понудата можат да се најдат и хулахопки инспирирани од автори и телевизиски емисии. Хулахопките се продаваат по цена од 24 долари.