Червар: На моите млади ракометари е да се претстават во најдобро можно светло

Од:

Македонското дерби Вардар – Металург во ракометната СЕХА лига доаѓа во незгодно време за „металурзи“, бидејќи тие дури вчера вечер се вратија од тешкото гостување во Норвешка.

Пред денешното соочување лидерот во СЕХА, тренерот Лино Червар го потенцираше заморот од долгиот пат од Норвешка.

– Натпреварот со Вардар доаѓа во незгоден момент за нас, бидејќи пред само еден ден имавме тешка гостинска средба со екипата на Елверум, па моите ракометари во голема мера се уморни. Сепак, овој дуел има големо минато и секогаш е интересен за љубителите на ракометот во Македонија. Вардар е апсолутен фаворит, а на моите млади ракометари е да се претстават во најдобро можно светло, изјави Червар.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa