Куманово и Кожув гостуваат во дуели од БИБЛ лигата

Од:

Две од четирите македонски екипи во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), денеска ќе ги одиграат своите петти натпревари.

Куманово и Кожув кои настапуваат во А групата во оваа рунда ќе играат на гостински терен.

Кумановци од 18 часот и 30 минути гостуваат во Тиват кај црногорскиот тим Теодо, додека половина час подоцна (19:00) во Призрен кај Башкими ќе гостува Кожув.

Утре, својот меч ќе го игра и екипата на Карпош Соколи која по вчерашното гостување кај Црвена звезда во Белград во рамките од АБА лигата, сега ќе гостува во Никшиќ кај екипата на Сутјеска.

Последниот македонски претставник во БИБЛ лигата, инаку првопласиран во Б групата, Фени Индустри во ова коло е слободна.

Пласман А група: Куманово 4-0 (победи-порази), Берое 3-2, Теодо 3-1, Кожув 1-3, Башкими 0-4 и Сигал Приштина 0-1.

Пласман Б група: Фени Индустри 3-2 (победи-порази), Сутјеска 3-1, Трепча 2-2, Тирана 1-3, Карпош Соколи 1-3 и Пеќ 1-0.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос