Неверојатен кремаст колач …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
9 белки
15 лажици шеќер
12 лажици мелени ореви
1 лажица брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
за црвениот крем:
450 гр смрзнати јагоди
300 гр шеќер
100 мл вода
2 пудинга од јагода
1 кесичка желатин
15 лажица вода
за жолтиот крем:
9 жолчки
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици нишесте
3 лажици брашно
500 мл млеко
200 гр маргарин
за чоколадниот прелив:
100 гр чоколадо за готвење
50 гр маргарин
6 лажици масло
Подготовка:
– Прво подгответе го бисквитното тесто. Изматете ги белките и додадете го шеќерот со постојано матење.
– Додадете ги брашното, прашокот за пециво и оревите и измешајте со дрвена лажица.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути.
– Печениот бисквит превртете го, тргнете ја хартијата за печење и исечете го на пола. Оставете да се излади.
– За црвениот крем ставете да се варат водата и шеќерот. Додадете ги јагодите и оставете да се варат додека да се распаднат.
– Прашокот за пудинг и желатинот измешајте ги со 15 лажици вода и ова додадете го во смесата со јагоди. Варете додека да се згусне. Оставете да се лади со повремено мешање за да не се фати коричка.
– За жолтиот крем изматете ги жолчките со шеќерот, ванилиниот шеќер, нишестето и брашното. додадете околу 150 мл млеко. Останатото млеко ставете да се вари. Кога ќе почне да врие додадете ја смесата со јајца и шеќер и со матење со миксер варете додека да се згусне. Во изладениот крем додадете го маргаринот и изматете.
– За чоколадниот крем растопете го чоколадото со маргаринот и маслото. Оставете малку да се излади.
– На чинија за сервирање ставете половина од бисквитите, прамачкајте ги со црвениот крем, а потоа со жолтиот крем.
– Над жолтиот крем прелијте со тенок слој чоколаден прелив. Повторете ја истата постапка уште еднаш.
– На крај ставете изматен шлаг и декорирајте по желба.
– Убаво изладете го, пресечете го на парчиња и послужете.