Денешното рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, е повторно одложено.
Во судницата на рочиштето се појави Заев, но не дојдоа тројцата негови адвокати.
За следното рочиште, судијката одреди два датуми, 2 и 20 декември.
Лидерот на СДСМ, по одложувањето на денешното рочиште не даде изјава за медиумите.
Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари годинава. Судењето досега беше одложувано три пати, два пати поради службени патувања на Заев и еднаш поради неприсуство на неговите адвокати.
Според Јавното обвинителство, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште во Струмица. Заев тврди дека цело време бил свесен дека Николов-Сачевалиев се обидувал да го намести и поднесе кривична пријава против него.