Пендаровски: 11 декември – референдум, дали сте за Македонија или сте за мафијата

Од:

Денеска сме овде пред вас со цел да ја претставиме кандидатската листа на здружената коалиција предводена од СДСМ за првата изборна единица. Овдека се сите заедно со мене, 20 кандидати за пратеници. Меѓу нив нема ниту еден кој е случајно на таа листа, напротив, станува збор за луѓе кои имаат свои лични, професионални и политички референци. Најголемиот дел од нив македонската јавност ги знае така што нема ниту една причина ниту еден човек кој е на оваа листа да се срами, вели Стево Пендаровски, носител на кандидатска листа во изборна единица 1.

Она што е посебна специфика на овие 20 луѓе на кандидатската листа, за разлика од кандидатската листа на владејачката партија е фактот дека меѓу овие луѓе нема ниту еден што е повикуван на распит во СЈО, ниту пак ќе биде повикуван за евентуални кривични дела бидејќи такви луѓе во нашите редови ние немаме.

Кои ќе бидат приоритетите на новата влада предводена од СДСМ по 11 декември. Клучна реформа која ќе ја направиме веднаш е реформата на неколку централни институции кои се задолжени за правдата и за човековите слободи и права. Здружената коалиција предводена од СДСМ по победата на 11 декември ќе направи, ќе иницира, ќе спроведе комплетен реизбор на сите судии во Република Македонија затоа што со сотојбата каква што е сега, која сите ја знаеме не смее да продолжи. Имено, не смеат партиските штабови да диктираат судски одлуки, туку судиите мора да судат по устав и закон и таму мораат да бидат луѓе со интегритет, со образ, луѓе кои нема да потклекнат под политички притисок независно од која страна доаѓа.

Една од работите во овој контекст која ќе биде исклучително значајна е тоа што имаме намера по 11 декември веднаш да го продолжиме мандатот на СЈО, да воспоставиме специјални судски одделенија во сите три инстанци почнувајќи од основниот, па се до врховниот суд кои ќе ги прифаќаат предметите кои СЈО ќе ги процесуира.

Една од спецификите на нашите кандидатски листи, не само во првата ИЕ, туку практично во сите останати ИЕ е мултиетничноста, тоа било карактеристика на оваа коалиција и на претходните избори но овојпат на нашите листи се луѓе кои доаѓаат од сите етнички заедници во РМ затоа што во оваа држава за нас секој човек е важен и притоа нема да има никаква дискриминација против никого само затоа што припаѓа на друга политичка, етничка или верска припадност. Според нашите проценки, нашата кандидатска листа во ИЕ 1 треба да освои двојно повеќе мандати отколку листата на ВМРО-ДПМНЕ, со што широко ќе се отворат вратите за победа на коалицијата предводена од СДСМ на територијата на цела Македонија.

Длабоко веруваме дека на 11 декември ќе имаме референдумско изјаснување, прашањето ќе биде дали сте за Македонија или сте за мафијата. Ниту едни парламентарни избори досега немале таква важност за иднината на Република Македонија и по своето влијание кое ќе го имаат за понатаму, овие избори можеме да ги споредиме само со референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година. Зошто, затоа што на 8 септември 1991 год, гласавме да имаме држава. На 11 декември ние сме убедени дека во доминантен број ќе гласаме да ја сочуваме државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација