Назор: Моја прва задача е од квалитетни индивидуалци да направам тим што ќе победува

Од:

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, хрватскиот стручњак Анте Назор, во првото интервју како тренер на „штрковите“ изјави дека тимот засега не го покажува сиот потенцијал со оглед на играчкиот квалитет со кој располага.

– Првите два тренинга ми го потврдија тоа што го знаев и пред доаѓањето во Скопје, а тоа е дека на располагање имам исклучителни поединци, на кои, сепак, им недостасува хемија, но и одредена доза на пожртвуваност и на дисциплина. Ова се работи кои веднаш им ги посочив на играчите и им нагласив дека во следниот период ќе работиме напорно на нивно подобрување, со цел што е можно побрзо сето ова да го преточиме во тимски квалитет. Гледам дека има голем простор за напредок, нормално со напорна работа на сите што се дел од тренажниот процес, изјави Назор во интервјуто за клупската веб страна.

Според него досегашните резултати не се вистински одраз на капацитетот со кој располага овој состав.

– Моја задача е директно да влијаам врз овој проблем, но и кошаркарите мора самите да најдат начин како да се излезе на вистинскиот пат. Клучот е во тоа што сите ние треба да дишеме како еден, да нема никаква разлика меѓу нас и покрај фактот што доаѓаме од различни држави и што сме од различни националности. Ова сега е наш тим, за кој во секоја секунда мора да се бориме на паркетот. Кога ваквата свест ќе се разбуди кај играчите, тогаш сум сигурен дека ќе дојдат и многу подобри резултати, вели новиот предводник на аеродромци.

Хрватот очекува со напорна работа МЗТ Скопје да фати приклучок со екипите од горниот дел на табелата во АБА лигата.

– Со оглед на тоа што работите во Еврокупот се веќе завршени по низата порази, за почеток ќе мора да сториме се за да тргнеме кон средината на табелата од АБА-лигата. Но, ако се случи напредокот кој го очекувам, тогаш екипата ја гледам многу високо на сите други фронтови.

Назор дебито ќе го има следната недела, кога МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на Игокеа, а три дена подоцна го очекува и првата обврска во Еврокупот, против Цедевита во Загреб.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он