МОСТ ќе ги следи изборите со 3.300 набљудувачи

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и на денот на гласањето ќе ангажира околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

За таа цел МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18-те регионални канцеларии низ целата држава кои ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии, информираат од МОСТ, ќе можат да се пронајдат на на нивната интернет страница.

За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а  потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.

Од МОСТ најавува дека набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација  може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.

Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2016“ е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, УСАИД преку Националниот демократски институт, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Кралството Холандија и Националниот фонд за демократија.

Од МОСТ наведуваат дека нерегуларности ќе може да се пријавуваат на бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Би можело да ве интересира

Жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Приштина и Јужна Митровица ќе добијат градоначалници во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори