Чеси уапсени во Турција под сомнение за тероризам

Од:

Турската полиција уапсила двајца Чеси, еден маж и една жена, под сомнение за тероризам, јавија чешките медиуми. 

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според Министерството за надворешни работи, на младата 25-годишна жена ова не и е првпат, претходно била притворена кога се движела во северен Ирак.

– Биле притворени во момент кога сакале да ја поминат границата меѓу Турција и Ирак, информира портпаролката на чешкото МНР, Михаела Лагронова, која додаде дека чешката дипломатија се обидува да овозможи депортација на Чесите во нивната татковина.

– Во Турција важат строги антитерористички закони, кои не попречуваат да дојдеме во контакт со обвинетите и тоа минимално до почетокот на судењето, изјави Лагронова.

Медиумите пишуваат дека кај Маркета Вшелихова и Мирослав Фаркаш при граничната контрола се најдени материјали, кои асоцираат на курдската милиција ИПГ, а која Турција ја смета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад