Корпи за отпадоци во Тетово поставија УЈИЕ и Општината

Од:

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во соработка со општина Тетово денеска постави дваесеттина корпи за отпадоци во централното градско подрачје.

Целта на донацијата е подигање на еколошката свест кај граѓаните.

Активноста се спроведува во пресрет на 15-годишнината од основањето на оваа високообразовна институција што утре ќе биде одбележана во просториите на УЈИЕ при што на професорот Јан де Груф ќе му биде доделена титулата почесен доктор.

Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика, еден современ универзитет не треба да се докажува само со научно истражувачка работа, туку и да придонесе во општеството каде делува.

– Со оваа симболична донација од еколошки корпи за отпадоци произведени во Тетово сакавме да покажеме дека ќе продолжиме заеднички да работиме на подигање на еколошка култура во градот, а ги имаме ставено на располагање и сите наши научно-истражувачки ресурси особено од нашиот Институт за животна средина и здраваје со цел да се избориме со овие еколошки појави што во последно време се присутни тука и на ваков конкретен начин, изјави Дика.

Градоначалничката Теута Арифи искажа благодарност на управата на УЈИЕ за донацијата што е уште еден показател дека сите заедно треба да работат на подигање на јавната чистота.

Според најавите од двете институции, соработката меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и општина Тетово ќе продолжи соцразлични проекти за општо добро на заедницата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски