Студентите во Македонија овие денови се обидуваат да ги извадат последните документи и повторно како и минатата година од јуни 2017 да заминат на Work&Travel со можност за подолг престој.
На Меѓународниот ден на студентите порачуваме дека нашата цел е да обезбедиме квалитетен и достоинствен живот за студентите во Македонија.
Ние, студентите сакаме вистински живот во Македонија, во модерни студентски градови – а не преживување по студентските домови.
Ние, студентите сакаме повисок студентски стандард – платена работа за време на студии, а не да зависиме од нашите родители и од популистички мерки.
Ние, студентите бараме работа дома за сите! Гаранција дека нашиот труд и знаење ќе бидат вреднувани во реалноста, а не во скапоплатените спотови.
Младите, студентите мора да бидат приоритет денес за да имаме подобро утре.
Младите ќе се изјаснат каква Македонија сакаат, се вели во соопштението на СДММ по повод Меѓународниот ден на студентите.