Најмалку седум мигранти загинаа крај либискиот брег, а стотна се исчезнати по превртување на нивниот чамец

Од:

Најмалку седум мигранти загинаа крај либискиот брег, а стотина други се водат за исчезнати по превртувањето на нивниот гумен чамец, информира организацијата „Лекари без граници“, цитирана од ТАСС.

На спасувачкиот брод на „Лекари без граници“ успеале да се качат 27 преживени лица .

„Лицата кои сега се на бродот „Аргос“, пред тоа се наоѓале во гумен чамец, заедно со 130 други лица. Тие се единствените преживеани. Оваа трагедија е неподнослива“, информира организацијата „Лекари без граници“ на Твитер, додавајќи дека ги собрала телата на седуммина загинати мигранти.

Територијата на Либија одамна се користи како најголем транзитен пункт за прилив на мигранти кои се насочуваат од Африка кон Европа во потрага по работа и подобра судбина. Во последните години од владеењето на Моамер ел-Гадафи властите успеаја малку да го намалат приливот на нелегални мигранти. Во 2010 година  оваа земја незаконската миграција дури ја прогласи за тежок криминал, но по соборувањето на Гадафи приливот на мигранти кон Европа постојано се засилуваше, потсетува ТАСС.

Во последните 2,5 дена, во четири одвоени бродски несреќи, околу 340 мигранти загинаа или исчезнаа во водите на Средоземно Море, соопшти италијанскиот портпарол на Меѓународната организација за миграција Флавио ди Џакомо, цитиран од американските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on