На преминот Ќафасан спречен шверц на 54 кг марихуана

Од:

На граничниот премин „Ќафасан“ на албанско-македонската граница, кај Струга, албанските гранични органи спречиле шверц на 54 килограми марихуана.

– Уапсено е лицето Гентиан Ќари (41), жител на Тирана. Дрогата е откриена во камион марка „ДАФ“ при излез од Република Албанија во Република Македонија. Откако се посомневале за недозволена трговија со дрога извршена е детална конрола на возилото, стои во полициското соопштение.

Според албанската полиција, скенерот открил 70 пакетчиња скриени под подот на приколката на камионот.

Уапсениот Ќари, ќе одговара за „обид за недоволена трговија со наркотици“.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари