Кирацовски ги објави досегашните резултати од „Пријави притисок за фер избори“

Од:

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска на прес-конференција ги соопшти досегашните резултати од акцијата „Пријави притисок за фер избори“.

Како што рече Кирацовски, на отворената веб-страница за акцијата пристигнале пријави од вработени со сериозни информации за политички влијанија и притисоци.

– Веќе почнавме да поднесуваме соодветни пријави до МВР, Трудовата и Управната инспекција. Ќе има и кривични пријави. Никој нема право да го нарушува мирот на вработените во администрацијата и нивното право професионално да си ги извршуваат работните обврски во интерес на граѓаните, истакна Кирацовски.

Според него, се реализираат средби со одговорни лица во повеќе институции за да им се укажат нивните обврски во насока на овозможување услови за професионално работење, но некои не одговориле на барањето за средби.

– За некои од нив има индиции дека ги злоупотребуваат функциите за политички цели. Таму планирам да појдам лично, со претходна најава и да укажам на сомнежите и на последиците доколку веднаш не се престане со таквото однесување, порача дополнителниот заменик-министер и додаде дека до сите други институции ќе бидат испратени писма со соодветен допис, летоци и постер во кои конкретно се наведени правата и обврските на вработените во администрацијата.

Кирацовски потенцира дека претстојните парламентарни избори мора да бидат регуларни и дека никој не смее да ја заплашува и користи јавната администрација за какви било цели.

 

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on