(ВИДЕО) Зврлевски избега од новинарите: Научете се на култура, ова не е новинарство

Од:

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски повторно избега од камерите несакајќи да одговори на новинарските прашања односно дали ќе бидат поднесени кривични пријави за СДПМ.

Откако Зврлевски неколку пати ги одбегна камерите, А1он успеа да го праша дали тој го штити Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, на што јавниот обвинител кратко одговори дека тој не штити никого.

Зврлевски по денешното предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на кое присуствуваше и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ја искористи приликата да им укаже на новинарите дека тие не си ја вршат професионално работата и дека тоа што го прават не е новинарство.

Тој на предавањето, исто така, не одговори на прашањето на еден од студентите зошто јавното обвинителство не реагираше по повод незаконски прислушуваните разговори.

Минатата недела, на денот кога беше донесена одлуката за рушење на диво изградените спратови на зградата на Панчевски, од страна на јавното обвинителство беше поднесена кривична пријава до Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Се работи за кривична пријава со која Жерновски се товари за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и за не извршување на судска одлука.

Од општината велат дека кривичната пријава поднесена до Градоначалникот Жерновски е одмазда на ВМРО-ДПМНЕ која се спроведува преку судството и дека предметот е повеќе од чист и не постои никаков основ за кривично гонење.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Ако Арсовска има сознанија за криминал, има обврска тоа да го пријави, велат од ОЈО

Обвинителството бара осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани