Здрави, домашни и многу вкусни …
Потребно е:
300 гр интегрално пченично брашно
250 гр интегрално `ржано брашно
200 гр бело пченично брашно
2 лажици овесни снегулки
1 коцка свеж квасец или 2 лажици сув квасец
500 мл вода
1 лажица оцет
2 лажичиња сол
1 лажиче шеќер (за квасецот)
Подготовка:
– Од сите состојки замесете глатко тесто и оставете го да се одмори околу 30 минути. Потоа премесете го и поделете го на два дела.
– Секој дел од тестото поделете го на 12 мали топчиња.
– Топчињата наредете ги во тава претходно посипана со интегрално брашно. оставете ги да стојат 30-тина минути. Малку засечете ги на површината, премачкајте ги со вода и посипете со овесни снегулки.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.