Што ја намалува сиромаштијата?

Од:

Дури 9% од вработените живеат во ризик од сиромаштија, а алармантна е
состојбата кај семјствата со повеќе од две деца. Најновите статистикчки
податоци покажуваат дека во 2015 година, во однос на 2014 година
сиромашнијата се намали за 0,6 процентни поени или во пасолутни бројки,
лани борјот на граѓани што живеат во сиромаштија се намалил за 14 000. стапката
на сиромаштија кај домаќинства на двајца возрасни со три и повеќе
издржувани деца е 52,2 отсто, а во 2014 година била 51,1 %, пишува
неделната економска анализа на Portalb.mk

Што ја намали сиромаштијата и колку помогнаа владините мерки за помош за
ранливите категории домаќинства?

Државни субвенции за ранливите – колку помогнаа ?

Во најголем ризик од сиромаштија живета семјствата што примаат социјална
парична помош од државата, иако овие трансфери од буџетот ја амортизираат
тешката финансиска состојба на оваа категорија на домаќинства, сепак, тие и
натаму се под најолем ризик – оценуваат дел од социолозите. Според
Државниот Завод за Статистика, стапката на сиромаштија во 2015 година пред
исплаќање на пензиите изнесувала 40.5%, додека по исплата на пензиите таа
се намалува на 24.8%. За разлика од ефективноста на пензиите, останатите
социјални трансфери (во кои влегува и социјалната парична помош) во многу
мал обем ја амортизираат сиромаштијата, односно за само дополнителни 3.3
процентни поени, коментираат социолозите.

“Малото влијание на социјалната парична помош (СПП) врз намалувањето на
сиромаштијата се должи на неколку причини, меѓу кои: нејзиниот низок износ,
критериумите за стекнување со право на социјална парична помош, но и
дестимулациските елементи доколку невработените лица се стекнат со повремен
приход. Нискиот износ на социјалната парична помош е особено проблематичен
кај домаќинствата со повеќе од три деца, бидејќи социјалната парична помош
не се зголемува доколку има повеќе од пет члена во семеството“ , вели за
Portalb.mk универзитетскиот професор Маја Геровска Митев и додава:

“Истажувањето кое го спроведовме во 2012 година на репрезентативен примерок
од 1600 домаќинства, покажа дека според видот на приходи во домаќинствата,
во најголем ризик од сиромаштија живеат семејствата кои се корисници на
СПП, односно 90.6%. Исто така дестимулациските ефекти на СПП во однос на
дополнителни проходи кои ги исклучува корисниците од системот на социјална
заштита прави нивна долгорочна зависност и непроодност од системот на
социјална заштита кон пазарот на труд“.

Во изминатиот период Владата неколкукратно ја зголеми висината на
социјалната помош, преку различни мерки за вработување ги таргетиаше
најранливите категории на граѓани, а воведе и државен надоместок за трето
дете со цел да ги стимулира многудетните семејства. Токму овој вид на
домќанства со повеќе од две деца се во групата под ризик од сиромаштија.

Според недманешното истражување што го направи ЗИП Инситутот, а во
организација на “Finance- think“ дека ефектот од мерката за додаток за
трето дете не кореспондира со поставената цел.

“Од 2011 год. до 2014 стапката на природен прираст е помала дури и од 2006
год. кога била 1.9. Ваквите индикатори упатуваат на фактот дека ефектот од
мерката не кореспондира со поставената цел, односно зголемениот број на
третородени деца не е доволен да го надомести недостатокот на првородени и
второродени деца во вкупниот број на живородени деца“ – се наведува во
истражувањето.

Според последните обајвени пдоатоци, лани стапката на сиромшатија кај
многудетните семјства изнесувала 52,2 отсто и во однос на претходните две
години таа бележи раст. Така, во 2014 сиромаштијата кај семејствата со три
или повеќе деца изнесувала 51,1% а во 2013 година 49,9%.

„Објаснување за оваа состојба може да се согледа од повеќе аспекти. Пред се
може да се констатира дека постои неискористувањето на официјалните
статистички податоци и репрезентативни истражувања во РМ во процесот на
креирањето на јавните политики. Доколку таква спрега постоше тогаш
креаторите на актуелната популациона политика требало да согледаат дека во
РМ имањето на три и повеќе деца претставува ризик за сиромаштија. Овој
ризик е особено нагласен кај одреден тип на домаќинства како Ромските
семејства, семејства од руралните средини и сл. Од друга страна, буџетските
пари кои поттикнуваат ваков вид семејства не се насочени кон социјално
ранливите домаќинства, туку кон сите домаќинства. Доколку постоше горен
праг за висината на проходи на домаќинства кои се пријавуваат за
родителскиот надоместок за трето дете (како што постои на пр. за СПП),
тогаш можеби влијанието на овој надоместок ќе имаше поголема улога врз
намалувањето на енормно високата стапка на сиромаштија кај домаќинствата со
три и повеќе деца. Родителскиот надоместок за трето дете влече повеќе пари
од буџетот одколку сите други парични надоместоци од системот на социјална
заштита, со што може да се констатира дека во моментот социјалните
трансфери не се насочени кон најранливите категории на население. Во држава
со двоцифрена стапка на сиромаштија и невработеност, социјалната ранливост
треба да биде врвен приоритет во исплата на социјалните трансфери“ – вели за
Portalb.mk професорката Митев.

Заклучно со 2015 година во земјава имало 20 581 родители – корисници на
родителскиот додаток за трето дете, и овој број во однос на 2009 та година
се зголемил за 18 683 нови корисници.

Според аналитичарите, статистички сиромаштијата се намалува, но истата е
сеуште висока и треба да претставува постојан поттик за превземање мерки за
нејзино намалување.

“Може да се констатира дека врз намалувањето на сиромаштијата влијаат
неколку фактори. Пред се начинот на кој се мери сиромаштијата во РМ од 2010
година е тема која треба повеќе да се дискутира од страна на стручната
јавност и секако од страна на креаторите на јавните политики. Нејзиното
мерење врз основа на приходи во општество во кое реалното пријавување на
висината на приходите е проблематично, е доволна причина за загриженост
дали овие податоци ја изразуваат реалната ситуација“, смета професорката
Митев и објаснува дека во земјава има неусогласенот меѓу различни јавни
политики, односно постоење дури и контрадикторни мерки за нејзино сузбивање.

Според податоците од државната статистика, во 2011 година беше измерена
стапка на сиромаштија од 26,8%, и во годините што следуваат таа се
намалува, па така во 2012 година изнесуваше 26,2%, во 2013 година 24,2% а
во 2014 се намали на 22,1%.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он