СДСМ Битола: Талевски и Велевски се свесни дека полека треба да си ги пакуваат куферите

Од:

„Читајќи го предлог Буџетот за 2013 година не може а да не се констатира фактот дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ вториот град по големина во државата, Битола ја третира како слепо црево во државата. И овој пат ниту има пари за проекти во Битола ниту за соседните општини Могила и Новаци.

– Во оваа прилика би сакал да нагласам дека јас како пратеник од НСДП се приклучив на 30 тината амандмани за Битола предложени од страна на пратениците на СДСМ и во целост ги поддржувам. Истовремено поднесов и неколку мои амандмани за Битола (за санација на патот Битола, Прилеп) како и 15-тина амандмани за општините Новаци и Могила.

– Очекувам како Битолчани и пратениците од ВМРО ДПМНЕ да ги поддржат амандманите за Битола, Могила и Новаци, поднесени од пратениците на СДСМ и НСДП, а не како што кажа потпаролот Шаклевски вчера на пресот, да седат во Скопје во денови кога Собранието не работи наводно борејќи се за проекти за Битола.

– Како поважни би ги набројал реконструкција на регионалниот пат Новаци-Добрушево, реконструкција на стариот пат Битола Прилеп, од Могила до Вашерејца и Лознани како и на потегот до Ивањевци и Трновци, изградба на канализација за Добрушево, изградба на спортска сала во Ивањевци, пробивање на канали за наводнување од Стрежево до селата Г. и Д. Агларци, Долгобевци и Дедебалци, како и канал за наводнување до селото Гермијан, како и реконструкција на повеќе училишта кои се во катастрофална состојба како на пр. во селата Св. Тодори и Вашерејца.

– Очигледно дека градоначалниците на соседните општини го следат однесувањето на Талески кој за 8 години нити ја започна пругата со Кременица, нити ја топлифицира Битола. Некои од нив како на пример Славко Велевски е дури 16 години градоначалник на Могила, вети, а не изведе нити еден од горенаведените проекти за кои амандмански се бараат пари од буџетот.

– Но март веќе се наближува а и самите Талевски и Велевски се свесни дека полека треба да си ги пакуваат куферите за на нивно место да дојдат луѓе кои навистина знаат и можат да направат нешто за Битола и Могила“, изјави проф. д-р Николче Ацевски, пратеник во собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците