Во нападот на муслиманскиот храм во Пакистан досега загинаа 52 лица, 105 се ранети

Од:

Во бомбашкиот напад во муслиманскиот храм во јужен Пакистан досега загинаа 52 лица, а 105 се водат за ранети, јави Министерството за внатрешни работи на провинцијата Белуџистан, цитирано од француските медиуми.

Според некои полициски извори, ова е самоубиствен атентат, извршен од 14-годишно момче.

Одговорноста за нападот ја презеде групата Исламска држава, пренесе ТАСС.

Претходно вчера  експлозија го потресе шиитскиот храм во градот Хуб, во пакистанската провинција Белуџистан. Експлозијата се случи во моментот кога во храмот се одржуваше религиозна церемонија. Меѓу жртвите има многу жени и деца.

Нападот е извршен во внатрешниот двор на храмот „Хазрат Баба Шах Нурани“. Храмот се наоѓа на 100 километри северно од пристанишниот град Карачи.

Пакистанската армија испрати 100 војници, четири медицински екипа и 45 возила на брзата помош, како и два хеликоптера да помогнат во спасувачките активности, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица