Во минатите две години гледавме жестока битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, без сомнение главната вина беше кај власта, но знаеа да иритираат со некои постапки и од опозицијата. Во целата криза кај многу луѓе се создаваше мислење-ни треба алтернатива, ни треба некој трет, и еве ние сме тие. Има и некои други партии кои лажно се претставуваат како трет блок, но народот брзо ќе дознае кој е третиот блок во Република Македонија, рече Георгиевски на Конвенцијата на коалицијата “ВМРО за Македонија“.
Најправилно ќе биде ако не викате “ВМРО за Македонија“, и во таа насока исто можеме да кажеме дека сме единствени, иако има и други партии кои лажно се претставуваат дека ја носат идејата за ВМРО, но без сомнение изворната идеја на ВМРО и изворните луѓе на ВМРО се овде и никаде на друго место, рече Љубчо Георгиевски.
ВМРО-ДПМНЕ бараат 63 пратеника, СДСМ исто 63 пратеника, сакаме од овде да им кажеме на граѓаните-најголемата опасност за Македонија ќе биде ако им дадете 63 пратници, дали на едните или на другите. За обичниот граѓани тоа ќе гарантира реваншизам, тензии, и затоа ние сме тука да ја балансираме новаата власт во Македонија, рече Георгиевски.
Ние нема да објаснуваме колку сме ВМРО, ниту дали сме и колку сме патриоти, напротив има некои други кои со спотови треба да објаснуваат, ние ги немаме тие фрустрации, јасно е кој колку има дадено за тоа што се борел за Македонија кога и било најтешко, рече Георгиевски.
Прашуваат колку сме биле СДСМ, а колку ВМРО, но треба да сфатат ние сме тука само за нас. Ние сме за идејата на ВМРО, но за демократска Македонија и трајна сигурност на граѓаните. Секој треба да сфати дека најголема опасност за лична и фамилијарна егзистенција е се даде 63 пратеници за една од партиите. ВМРО-ДПМНЕ пет изборни циклуси има по 63 пратеници, мислите дека виде нешто добро Македонија од тоа? Напротив. Затоа ние сме тука, треба да има баланс новата влада, нашата цел е од минимум 15 пратеници. На Мекедонија после овие десет години, и е потребна владина коалиција од повеќе субјекти поради заштита на обичниот човек, за балансирање на било каква влада во Република Македонија, рече Георгиевски.
Тој се заложи за враќањето на демократијата во Македонија.
Ако ја погледнеме ситуација во последните десет години, од пресија на медиуми, судство, казнена политика кон фирмите, апсолутно, нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ некаде ги згрешија по патотот на основните принципи на демократијата. Тие што тоа го направија во изминатите десет години тешко дека ќе се спореди со нашата основна цел во 1990 година-борба против комунизот и враќањето на демократијата. Напротив, како црвот на комунизмот да е влезен некаде во нив, и наместо демократска држава направија полуавтократски систем или тотално недемократски, рече Георгиевски.
Но и опозиционерите на СДСМ не можеме да ги претставуваме во светлост, зошто и тие имаа добри 15 години да создадат прринципи на демократија, но не ги создадоа. Зошто и сме сега ние потребни на Македонија? Никогаш македонскиот народ немал подобри демократски години од четирите години што ги имавме ние заедно со Љубе, со целата екипа зад мене, рече Георгиевски.
Се даваат пари како да сме Саудиска Арабија или Кувајт, а сите тие задолжувања ќе треба да ги враќаме ние. Сето она што се прави е направено на кредит. Ќе ве потсетам дека во Македонија имаше една влада која градеше но не се задолжуваше, ние војната ја водевме со една милијарда и 200 милиони, рече Георгиевски.