Десетици илјадници лица протестираа денеска во Сеул, повторно барајќи претседателката на Јужна Кореја Парг Гуен-Ху да поднесе оставка по скандалот околу корупцијата.
Собраните, придружувани од звук на тапани, ја повикаа претседателката веднаш да поднесе оставка поради скандалот околу злоупотребата на положбата во кој е вмешана нејзината долгогодишна соработничка, но претседателката на себе ја презеде вината и одговорноста.
На третиот ваков протест, имаше луѓе на различни возрасти, а еден од студентите за странските меидуми изјави дека оставката е неопходна затоа што претседателката не се грижела добро за земјата.
Протестот го обезбедуваа 25.000 полицајци, а на него, според организаторот имало до милион лица. Полиција соопшти дека на протестот има 170.000 демонстранти.