Обединети за Македонија изразија загриженост за „хаотичната состојба која владее во државата а воедно и наметната од коалиционите партнери Груевски и Ахмети кои се, се, повеќе политички манипуланти кои ги загреваат меѓуетничките односи како еден голем адут за нивно владеење со подгревање на македонски и албански патриотизам“.
ОМ ја осуди изјавата на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и смета дека е само „сценарио на коалицијата на власт за федерализација на Македонија.“Од ОМ прашуваат дали Ахмети и Груевски пораките ги праќаат преку поглаварите на верските заедници, посочувајќи дека и Г.Г. Стефан е длабоко политизиран.
„Изјавата на поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан е исто така провокативна политичка изјава со продлабочување на поделбите на македонското општество и секуларноста на државата, Г.Г. Стефан немаше слух за помирување и обединување кога ОМ побара средба со него за политички -монтираниот процес кон лидерот на ОМ, Љубе Бошковски. Тогаш беше потенцирана секуларноста на државата, а кога е во прашање политиката на Груевки Г.Г. Стефан е политизиран“, изјави Јагода Митревска, потпретседател на ОМ.
„До кога господине Груевски ќе си поигрувате со интересите за државата како да е ваше лично право за владеење заедно со Ахмети. Време е да ставите крај на договорената политика со Ахмети. Граѓаните на крај ќе пресудат има вистински патриоти кои ја сакаат својата земја иако вие се обидувате да глумите лажен патриотизам и правите делби, делата ќе говорат за целата состојба на хаос која ја наметнувате во државата“, велат од ОМ.