ФОТО: Пожар во стариот дел на Охрид, неколкумина однесени со брза помош

Од:

Две куќи изгореа во населбата Месокастро, во стариот дел на Охрид. Едната куќа изгоре целосно, другата до половина.

Луѓето кои живеа во куќите веднаш беа однесени со брза помош, а поради густиот чад лекарска интервенција побарале и уште неколкумина.

Според кажувањата на жителите огнот кој бил во едната куќа набргу се проширил на соседниот објект. Откако слушнале повици за помош, била повикана противпожарната служба која дошла за кратко време и почнала да го гасне пожарот.

Според првичните информации на противпожарните служби причина за пожарот е затнат оџак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија