Две лица освоија 550 милиони долари на синоќешното извлекување на лотаријата Пауербол, што е втор најголем џек пот кој некогаш е извлечен во САД, наведено е утрово на сајтот на лотаријата.
На сајтот е наведено дека добитните листови се продадени во Аризона и во Мисури, а извлечени се броевите 5, 6, 23, 16, 22 и 29.
Американците ги зафати вистинска лотариска грозница, а вчера во минута се продаваа 160.000 листови, пренесуваат американските медиуми.
Од 6-ти октомври никој не ја извлече добитната комбинација на лотаријата Пауербол, која се игра во 42 сојузни држави, а шансите за добивка беа еден спрема 175 милиони.
Помали износи освоија 8,9 милиони играчи, со вкупна вредност од 131 милиони долари.
За разлика од Европа, во САД лотариските добивки се оданочуваат.
Пауербил лотаријата на добитниците им дава можност парите да ги земат на повеќегодишни рати или одеднаш.
Најголемиот џек пот во американската лотарија изнесуваше 640 милиони долари.