Инстант лозот„УРБАН СТИЛ “ на Државна лотарија израдува тројца нови добитници од Штип, Битола и Скопје

Од:

Инстант лозот„УРБАН СТИЛ “ на Државна лотарија израдува тројца нови добитници од Штип, Битола и Скопје.

Билјана од Скопје, Дарко од Битола и Ерџан од Штип се тројцата најнови добитници на електрични мотори од инстант лозот „Урбан Стил “ на Државна лотарија. Тројцата среќници дојдоа во Рамстор Мол во Скопје и во забавна атмосфера, споделувајќи си ги убавите спомени од мигот на изненадување при дознавање на добивката, секој од нив ни ја раскажа својата среќна приказна. Средбата со тимот на Државна лотарија и Марјана беше за нив навистина убаво доживување а најсреќни беа кога им се предадоа клучевите од нивните нови еко електрични мотори со знакот на УРБАН СТИЛ коишто со радост ги очекуваа.

Билјана од Скопје е редовен играч на инстант лотаријата на Државна лотарија и постојано гребе по некој инстант меѓу кои омилени и се „УРБАН СТИЛ“, „Остров на Скриено богатство“ и „7х7“. На својот среќен ден на прошетка со ќерка си, купила 3 инстант лоза, а добитниот лоз го изгребала ќерката на Билјана, но заради работни обврски, Билјана ги подигна клучевите во нејзино име, а таа одвај чека да го користи свјот нов електричен мотор уште оваа убава есен.

Ерџан од Штип е исто така редовен играч на инстант лотаријата, но досега немал поголеми добивки. На својот среќен ден, тој во продажното место ЛАКИ купил само еден инстант лоз УРБАН СТИЛ, го изгребал подоцна на работното место, па среќната вест веднаш ја споделил со својата мајка и семејството. Ерџан беше пресреќен бидејќи токму електричен мотор е она што му требало.

Дарко од Битола, пак, е редовен играч и на ЛОТО 7 и на инстант лотаријата. Својот среќен инстант лоз го купил во продажното место „ Бротхерс Тобако“ во Битола. Тој верува во среќата и на самиот ден бил сигурен дека ќе добие мотор. Сподели со нас дека и понатаму верно ќе ги игра своите среќни лото броеви и еден ден ќе дојде и по највредната 7-ка на Лото 7.

Инстант лозот „УРБАН СТИЛ“ чини само 50 денари, а ќе израдува 100 добитници со ектрични мотори. За нас е, пак, посебна радост бидејќи секој недела се запознаваме со добитници од инстант лотаријата од различни краишта на нашата земја и се дружиме со добитниците на стоковите добивки на некое од нашите продажни места, дознавајќи прекрасни среќни приказни. Со секоја нова споделена приказна, со секоја нова радост и остварен сон сите коишто веруваат во среќата и учествуваат во големиот број игри на среќа што ги приредуваме, ни се потврдува мисијата на Државна лотарија.

Би можело да ве интересира

Во американската игра на среќа беше извлечена награда од 1,13 милијарди долари

На лотарија освои 842 милиони долари

Државна лотарија отвори своја нова веб-страница за игра – megawin.mk и отпочна со мега наградна игра и подароци за секого

Горан Наумовски

Првиот автомобил од инстант лозот 7 Х 7 го доделивме во Прилеп

Предраг Петровиќ

Пензионерка од Сплит добитник на Еуроџекпотот, среќата и се насмевнала по 10 години игра

Предраг Петровиќ

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.