ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со пет граѓански здруженија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска потпиша меморандум за соработка со Федерацијата на фармери, Асоцијацијата на земјоделци, Горанското друштво и со здруженијата на Македонци со исламска вероисповед и на припадници на безбедносните сили БЕДЕМ.

Меморандумите, беше оценето на потпишувањето, се основа за продолжување на досегашната соработка за реализација на проекти во интерес на овие здруженија од каде најавуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, зголемувањето на поддршката и соработката е сатисфакција за партијата  затоа што со нејзините капацитети се препознаени од граѓанските  здруженија, но и одговорност повеќе да ги оправдаат очекувањата. – На овие избори одлуката на секој граѓанин ќе биде одлука за себе, за тоа кој може да одговори на потребите и да обезбеди повеќе можности, но тоа  е и одлука за Македонија, за тоа каква држава ќе продолжиме да градиме. Со сигурност можам да потенцирам дека ние ќе продолжиме заеднички и силно да работиме на обезбедување на напредокот, рече Груевски.

Посочи дека партијата работи на решавање што е можно повеќе проблеми и предизвици со предлозите и сугестиите на различни целни групи, од кој партнерски однос има резултати.

– ВМРО-ДПМНЕ останува основната моторна сила која го обединува граѓанското ткиво и интересите на граѓаните на Македонија, наведе Груевски.

Фармерите и земјоделците,  според него, секогаш ќе бидат приоритет за партијата и кога, како што наведе, треба да се делат субвенции, да се даде поддршка за земјоделска механизација, да се обезбеди државно земјиште, услови за почеток за развој на земјоделски бизнис, но и тогаш кога ќе бидат погодени од природна непогода, кога ќе се јави проблем со приносот или, пак, ќе треба Владата да помага при пласманот.

Бранителите, потенцира Груевски, најдобро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш чувар на националните и државните интереси. Како партија секогаш оваа категорија граѓани го има нашето почитување, посочи Груевски, дополнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ особено внимание посветува и на соработката со Македонците муслимани кои се дел од партиските органи која се надградува со здруженија кои ги претставуваат нивните интереси.

Никола Стаменов, претседател на Федерацијата на фармери,  истакна дека се гледаат како социоекономски партнер на Владата,  чии институции секогаш имале разбирање за нивните барања. Земјоделците, посочи Стаменов, знаат дека не се оставени сами на севе и оти зад нив стојат институциите.

Продолжување на соработката очекува и претседателот на Асоцијацијата на земјоделците Ефтим Шаклев со цел, како што рече, да се создадат добри услови за работа и живот на земјоделците. Неопходна е, смета Шаклев, сорабока со финансиски институции за евтини кредити за земјоделците, за законски измени за  распределбата на државно земјоделско земјиште и за доделувањето субвенции, а особено  за изградба на инфраструктура во руралните средини.

Според претседателот на Горанското друштво Туркан Јохановски, ВМРО-ДПМНЕ била единствената партија која реално се бори за Македонците муслимани. – Очекуваат нивните идеи и предлози  да бидат дел од програмата на оваа партија, на која, како што рече, ќе и дадат поддршка на следните избори.

Исмаил Бојда од Здружението на Македонци со муслиманска вероисповед  очекува прослава по изборите со, како што рече, не помалку од 65 пратеници, за  да престанеле уцените.

Горан Димовски од здружението „Бедем“ нагласи дека делат исти ставови со ВМРО-ДПМНЕ и најави оти секогаш ќе се борат за решавање  на суштинските проблеми на бранителите и војниците. Очекува да продолжат проектите за подобрување на условите на армијата и полицијата, што биле спроведувани во изминатиот период.

ВМРО-ДПМНЕ вчера потпиша меморандум за соработка и со Сојузот на земјоделци на Македонија, Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија АВАЗ, НВО Коалицијата на Египќаните и Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот