Ова традиционално јадење повторно ќе сакате да го подготвите …
Потребно е:
500 гр мелено месо (јагнешко, јунешко или пилешко)
4 чешниња лук
1 голема или две помали црвени пиперки
1 лажица ајвар
сол, бибер
прстофат мелена лута црвена пиперка
прстофат цимет
1 лажица маслиново масло
1 лажица сецкан свеж магдонос
1 жолта пиперка
1 домат
2 лажици маслиново масло
2 помали тиквички
сол, бибер
неколку листови босилек или нане
Подготовка:
– Во еден сад ставете го меленото месо и додадете ги ситно сецканата пиперка, магдоносот, ситно сецканото лукче, сол, бибер, ајвар, лута мелена пиперка, маслиново масло и цимет и убаво измешајте за да се спојат сите состојки.
– Тиквичките исечете ги на тркалца и посипете ги со сол и бибер.
– Намастете ја земјаната тава во која ќе печете. На дното ставете ги тиквичките. Над тиквичките ставете ја смесата со мелено месо и израмнете ја. Потоа ставете го сецканиот домат и пиперката (види ја сликата).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– Послужете го со пита леб и кисело млеко или таратор.