Директорката на УЈП во работна посета на бугарската НАП

Од:

Директорката на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска денеска е во еднодневна работна посета на Националната агенција за приходи (НАП) на Република Бугарија, каде што оствари работен состанок со Бојко Атанасов, генерален директор на НАП.

Како што информираат од УЈП, за време на работната средба во фокусот се поставија проектите кои се реализираат со поддршка на ЕУ, бенефитите од користење на ЕУ Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX), искуства од процесот на интеграција во ЕУ, даночната политика и законските рамки во двете земји и други отворени прашања кои се во домен на интерес и за двата државни органи.

На средбата, како што се наведува во соопштението, Илиеска се осврнала на моменталните приоритети и предизвици со кои се соочува УЈП, процесот и постапката на модернизација во кој се наоѓа Управата, како и за останати клучни стратешки теми кои се важни во професионалниот однос на релација даночна управа и даночен обврзник.

Соговорниците ги потенцираа можностите и потребата од зaeднички проекти кои би ги реализирале двете институции, со акцент што повеќе да се доближи работата и соработката на даночните службеници од двете земји и на тој начин да се креира позитивна клима и размена на искуства.

Раководствата од двете страни ја оценија денешната средба за исклучително продуктивна и пример за останатите институции на државите од регионот, за соработката на меѓународен план. 

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет