(ВИДЕО) Пендаровски: Во Македонија постои една богата фамилија, а сите останати се екстремно сиромашни

Од:

Не е возможно да имате економски силна држава и граѓани, а да не постои правна држава. Имате случај како Македонија во кој не постои правна држава, а постои екстремно богата фамилија и сите останати се сиромашни или екстремно сиромашни, рече Стево Пендаровски, носител на првата изборна единица од страна на СДСМ.

Според Пендаровски, апсолутен приоритет по победата ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава, како што вели тој, а тоа може да се оствари ако правото биде неселктивно применувано.

-Многу е важно дали сте член на фамилијата, дали сте член на владејачката партија, дали сте од оваа или онаа политичка припадност. Тоа нема да биде важно после победата на 11 декември затоа што ќе одговараат сите што го прекшиле законот, апсолутно не е битно дали се членови на владејачка партија или на било чија фамилија или дали се блиски или не се блиски до некој центар на моќ, вели Пендаровски.

Втора работа што е поврзана со правната држава и неселективното применување на правото што е приоритет за опозиционата коалиција по добивање на власта, според Пендаровски и СДСМ, ќе биде враќањето на сето она што е украдено од македонските граѓани.

-Знаеме дека постојат резерви дека е тоа тешко и дека во други држави тоа не се реализирало, но верувајте ми, има многу примери во светот каде тоа е успешно направено, каде по падот на диктатурите најголемиот дел од украденото богатсво на народот е вратено назад. Само еден предуслов постои за тоа,а тоа е да постои јасна политичка волја кај политичките фактори кои се на власт тоа да го направат, ако има волја, тоа ќе се направи, изјави Пендаровски.

Тој тврди дека сите институции кои ќе работат на украдените пари од граѓаните ќе добијат ако треба и специјални овластувања за ниту еден политички фактор да несе меша во нивната работа.

-Тоа ќе потрае, тоа е комплексен процес, меѓутоа, верувајте, се што е украдено може да се врати и ние ќе направиме се за да го вратиме безразлика дали е тоа во Белизе, дали е во Јужна Африка или во Чешка. Значи народот ќе си ги добие своите пари назад затоа што тоа се нивни пари и не е фер само 10 души во оваа држава да имаат екстремно богаство, а 2 милиони други луѓе да гледаат како тие аздисуваат со тоа богатсво кое незаконски го имаат стекнато, заврши Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски