Чоколадни срца

Од:

Со овие колачиња ќе ги воодушевите домашните …

Потребно е za 9 колачиња:
6 јајца
150 гр шеќер
150 гр путер
50 гр Несквик
50 гр какао во прав
180 гр брашно
1 прашок за пециво

за филот:
250 мл кисела павлака
2 лажици шеќер во прав
малку црвена боја за колачи

за глазурата:
200 гр црно чоколадо
150 мл кисела павлака
чоколадни трошки
цветчиња за украсување

Подготовка:
– Изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот.

– Посебно изматете ги жолчките со путерот. Соединете ги Несквикот, какаото, брашното и прашокот за пециво и додадете ги во изматените жолчки. На крај додадете ги изматените белки и внимателно измешајте со дрвена лажица.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење (25х25 см) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.

– Извадете ја кората од тавата и оставете сосема да се излади. Со модла со облик  на срце извадете 9 срцинја од тестото. Секое срце пресечете го по должина да добиете две срца.

– За филот, соединете ги киселата павлака, шеќерот во прав и малку црвена боја. Измешајте со лажица.

– На сите 9 долни делови од срцата нанесете од филот. Ставете ги во фрижидер околу 1 час. Потоа извадете ги и над филот ставете ги вторите половини од срцата. Вратете ги повторно во фрижидер и оставете ги убаво да се стегнат.

– За глазурата, растопете го чоколадото со киселата павлака на пареа. Со ова прмачкајте ги прво од страните споените срца, а потоа од доле. На долниот дел ставете чоколадни трошки и ставете ги на чинија. Премачкајте ги и горните делови со растопеното чоколадо. Декорирајте ги со цветчиња што се јадат.

Чоколадни срца1

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска