Кремљ: Русија нема право и не планира да се меша во американските избори

Од:

 Русија нема планови, ниту право да се меша во американските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Немаме право, ниту намера да се мешаме во американскиот изборен процес. Таму имаат многу проблеми и без нас, забележа прес секретарот на рускиот претседател во коментар по повод изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за можни изборни фалсификати.

Како што јави ТАСС, Песков нагласи дека проблемот околу борбата со изборни измами се „внатрешна работа на САД“.

Претходно Трамп предизвика уште еден скандал во САД, изјавувајќи дека на изборите може да загуби од Клинтон, само ако има масовни фалсификувања. Милијардерот на ниту еден начин не ги образложи своите тврдења, но го нарече „шокирачки“ фактот што законите во државата Пенсилванија не ги задолжуваат избирачите да покажуваат документ за идентификација пред да гласаат.

Во 33 од вкупно 50 држави на САД се применува идентичната постапка.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни