(ВИДЕО) Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ дава коруптивни понуди на наши членови да преминат кај нив

Од:

ВМРО-ДПМНЕ врши координирани и организирани притисоци на членови од Демократскиот сојуз, обвини генералниот секретар на партијата, Верица Филиповска.

-Целта на ваквите влијанија е да се намали бројот на членството и активноста на ДС како декларирана опозициска партија во пресрет на престојните Парламентарни избори закажани за 11 декември, вели Филиповска.

Според генералниот секретар на партијата, методите на притисоци главно се сведуваат на коруптивни понуди за вработување, напредување во кариерата или преку класични уцени и закани при што од членовите на партијата се бара да се дистанцираат од политиките на партијата и декларативно да преминат во ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од Демократскиот сојуз, притисокот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се случувал повеќекратно во неколку градови во државата. Како што напомена Филиповска, на советникот на општина Прилеп, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, му било понудено вработување на неговата ќерка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, при што тој на прес конференција го соопштил неговото преминување во владејачката партија.

Исто така, од Демократскиот сојуз велат дека пратеник во Собранието од Кичево и претседеателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, на претседателот на ДС Кичево му нуделе вработување и унапредување на нивни членови под услов јавно и декларативно да се дистанцираат од политиките на ДС и истите да преминат во ВМРО-ДПМНЕ како и дека Претседателот и секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга на претседателот на ДС од Струга му нуделе вработување доколку јавно ги осуди политиките на ДС и премине во ВМРО-ДПМНЕ.

Вакви притисоци од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кон членовите на Демократскиот сојуз имало и во Радовиш, општина Аеродром, општина Кисела Вода, Штип, Неготино каде членовите на ВМРО-ДПМНЕ преку нудење работни мести, закани, инспекции им вршеле притисок на членовите од Демократскиот сојуз како тие би преминале во ДПМНЕ.

-Сите притисоци врз наши членови се нотирани и за истите ќе бидат известени МВР, ДИК, ОБСЕ, ОДИХР како и дипломатските преставништва, рече Филиповска додавајќи дека ќе ги евидентира сите случаи на притисоци врз членови и активисти на ДС и ќе ги преземе сите законски мерки и навремено ќе ја информира јавноста.

– Ние не се плашиме и затоа велиме, не се плашете режимот ќе падне. Сигурни сме дека притисоците само ќе не направат посилни и поединствени и ќе истраеме во нашата определба за промени кои ќе се случат на 11 декември, заврши Филиповска.

Од ДС истакнаа дека немаат информации дали вакви притисоци имало и во другите партии од Коалицијата за промени и правда, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС.

Претходно медиумите пишуваа и за обид на власта да ја растури Коалицијата за промени и правда, како и дека претставници на МОРО – Работничка партија биле повикани од Емил Димитриев на разговор за соработка.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски