Турската полиција уапси 15 лица во рамки на рации ширум југоисточната покраина Адана врз припадници на Курдската работничка партија (ПКК), јави денеска турската агенција Анадолија.
Рациите следеа по ескалирањето на судирите меѓу безбедносните сили и припадниците на ПКК во југоисточниот дел на земјата, населен претежно со курдско население.
Во напад со автомобил бомба во претежно курдскиот град Дијарбекир во петокот загинаа 11 лица, а ранети беа најмалку сто, неколку часа откако турските власти ги задржаа во притвор лидерите и пратениците на прокурдската опозициска Народно-демократска партија, која Владата ја обвинува за поврзаност со ПКК.
Турските власти ја сметаат ПКК за одговорна за нападот, иако Исламска држава ја презеде одговорноста.
Лидерите на турската прокурдска опозициска Народна демократска партија се уапсени во петокот во рамки на истрагата за тероризам, што предизвика осуда од Западот.