Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ преку судството ја почна одмаздата врз Жерновски

Од:

„Основното јавно обивнителство експресно, за помалку од 48 часа, му поднесе кривична пријава на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. До Обвинителството поднесена е кривична пријава со која се товари Жерновски за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и за неизвршување на судска одлука.

Пријавата е изготвена на 2.11.2016 година, во истиот ден кога се уриваше дивогрдбата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. За да биде иронијата поголема, се работи за случај од 2011 година, кој тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, го одбил како неоснован и со тоа постапката прекинала. Ова се случило непосредно пред доаѓањето на Жерновски на позицијата градоначалник во 2013 година.

После повеќе од три години и за целосно правно неоснован предмет, обвинителството олучува да поднесе кривична пријава. Дека станува збор за политички мотивиран процес, говори податокот дека тужител во овој предмет е братучед на градоначалник од соседна скопска општина, од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

За Жерновски и општина Центар, овој предмет е повеќе од чист и не постои никаков основ за кривично гонење. Целта на оваа одмазда е конечно предметот да стигне во Основен суд Скопје 1, односно во рацете на Владимир Панчевски. Дополнителен мотив за оваа одмазда кај Панчевски и обвинителството е најавената кривична пријава од страна на општина Центар за дивоградба против тројцата инвеститори, меѓу кои и Панчевски, што претставува кривично дело.

Спред Кривичниот законик, за кривично дело „Дивоградба“ предвидена е затворска казна од 3 до 8 години“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите, најави дека ќе тужи за клевета

Амбасадорот Жерновски повикан на консултации кај министерот Муцунски

A1on

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“