Коцев: Кој ќе ги плаќа „пеналите“ за градбата во реката Отиња?

Од:

„Денеска е 28 ноември 2012 година, односно само 44 дена поминати од интервјуто на Зоранчо Алексов за Утрински весник (направено на 15.10.2012 г.) или само 29 дена од денот на објавување на ова интервју (30.10.2012 г.)“, рече Здравко Коцев, кандидат за градоначалник на Штип.

И навистина, градоначалникот Зоранчо Алексов не лаже многу, еве да ве потсетам што кажа:

„Она што можам да тврдам со сета одговорност е дека за два до три дена бугарската фирма „Кибилд“ ќе продолжи со работа и компанијата ќе го почитува договорениот рок“ (Утрински весник 30.10.2012).

Градоначалниче, да – компанијата ќе го почитува рокот, но дали Вие си ги исполнивте обврските од договорот?

Дали Вие ги обезбедивте условите за работа коишто стојат во договорот? Зошто не им кажете на граѓаните дека се плаќаат пенали, односно пари, доколку не обебедите услови за градба?

И Вие, почитуван градоначалниче, на ова ќе кажете: „Да, ама јас не сум виновен, не постои подземен катастар“.

Е па, господине Зоранчо Алексов, Вие како доктор на науки треба добро да знаете дека куќата не започнува да се гради од кров, туку од темели.

Но, Вие до сега во животот една цигла немате ставено и од каде ќе знаете?

За потсетување, проектот е во застој цели 74 дена, ова се вашите зборови објавени во Утрински весник.

На крајот, сакам да Ве потсетам дека кредитот е во вредност од 2 милиони евра, а каматата на истиот е 730 илјади евра.

Со целата Ваша одговорност (како што тврдите во Утрински весник), дали Вие како градоначалник ќе ги платите пеналите од вашиот сопствен џеп на бугарската фирма или тоа ќе го сторат граѓаните на општина Штип?

Дали Вие ќе платите за дополнителните работи што се изведуваат за средување на подземната инсталација во река Отиња или пак тоа можеби ќе го сторат бизнисмените кои сега лицемерно, ги повикувате непосредно пред локалните избори.

Каменик коалицијата и целата штипска јавност во врска со хаосот во централното градско подрачје се обраќа до Вас господине градоначалник и до вашата партија ДПМНЕ!

Редно е да излезете како партија и пред целата јавност да кажете што направивте и до каде се платформите во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја