ВИДЕО: Протестите од Марибор се преселија во Љубљана

Од:

Протестите во Марибор против градоначалникот Франц Канглер од кога беше побарана оставка поради корупција, и во Љубљана поради прекумерна употреба на сила кон демонстрантите во Марибор, ги зовре тензиите во Словенија. Медиумите го осудија однесувањето на власта и оценуваат дека ова е почеток на крајот на „стариот поредок“.

Голем број граѓани се собраа синоќа во Љубљана во знак на поддршка на масовниот митинг одржан еден ден претходно во Марибор, но и како протест поради полициските мерки кои беа преземени кон демонстрантите. Најмногу против општата состојба во земјата.

По тричасовниот собир демонстрантите се разотидоа мирно. Поголеми инциденти немаше, иако граѓаните палеа слики на министерот за внатрешни работи Винко Горенак, а неколкумина знамето од парламентот го спуштија на половина копје.

Големиот број полицајци ги штитеше зградите на владата во близина на парламентот, каде нејзините претставници разговараа за состојбата во земјата и планираните реформи на пензискиот систем. Премиерот Јанез Јанша разговараше со претсваниците на министерството за внатрешни работи, за одбарана и со тајните служби за да ја дознае безбедносната состојба и мерките кои се преземаат.

„Љубљанскиот „Дневник“ пишува дека протестите претставуваат почеток на крајот на „стариот поредок“. Во коментарот на весникот се наведува дека Словенија која е изградена во мир, со овие протести ја „изгубила својата невиност“.

„Но, она што е најважно, еден од генераторите на бунтот е генерацијата која едвај се сеќава на независноста. Младите, кои се обвинети како „неолибералисти“ и кои не ги почитуваат „самонаречените домашни авторитети“, наведува весникот.

Овие луѓе се повеќе се препознаваат во сториите за нивните врсници од Грција и Шпанија, поради што „мариборското движење“ одамна го надмина проблемот за оставка на градоначалникот Канглер.

Љубљанскиот „Журнал 24“ укажува дека оној кој не ги очекувал протестите во Марибор не е запознат со ситуацијата во тој, втор по големина град во Словенија. Марибор, се наведува во весникот, се бори со висока стапка на невработеност, сиромаштија и ситуација во која граѓаните немаат доволно пари за ги прехранат своите деца.

Полицијата тврди дека во текот на протестите не била применета прекумерна сила и дека кон одредени мерки се пристапило откако на друг начин не било можно да се воспостави јавниот ред и мир. Протестите во Марибор и во Љубљана се деншна тема на словенечката влада.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски