Потребно е:
2 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици млеко
12 лажици масло
2 лажици какао во прав
12 лажици брашно
1 лажица рум
малку цимет
1 прашок за пециво
за преливот:
200 мл слатка павлака
100 гр млечно чоколадо
малку мелени ореви
малку рум или млеко
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата со маталка и додадете ги по ред останатите состојки. Смесата сипете ја во огноотпорен сад со дијаметар од 22 см.
– Микро печката вклучете ја на најака температура, подесете ја на 5 минути и ставете го огноотпорниот сад со смесата во него.
– Загрејте ја слатката павлака само внимавајте да не почне да врие и во неа растопете го чоколадото.
– Кога ќе поминат 5 минути и тортата ќе биде готова, почекајте неколку минути и превртете ја на чинија. Прелијте ја со растопеното чоколадо со слатка павлака и украсете со мелени ореви.
– Оставете да се излади, пресечете ја на парчиња и послужете.