Вкусни залачиња од тесто …
Потребно е:
500 гр брашно
1 прашок за пециво
200 мл млеко
100 мл вода
1 јајце
1 лажиче сол
50 мл масло
200 гр спанаќ
за филот:
200 гр суви чадени колбаси
180 мл кисела павлака
100 гр сланина
100 гр кашкавал
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашното, солта, јајцето, прашокот за пециво, обарениот и ситно сецкан спанаќ.
– Помешајте ги водата и млекото и постепено додавајте ги кај сувите состојки. Замесете тесто и оставете го на страна додека го подготвувате филот.
– Исецкајте ги колбасите, сланината и кашкавалот на мали коцки.
– Тестото ставете го на набрашнета маса и развлечете го со сукало што потенко.
– Премачкајте го со киселата павлака и распоредете ги исецканите колбаси, сланина и кашкавал.
– Замотајте го како ролат. Исечете ги на полжавчиња и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.