Два воза се судрија денеска во пакистанскиот град Карачи, при што загинаа најмалку 17 лица, соопштија здравствените власти.
– Седумнаесет луѓе загинаа, а 50 се пренесени в болница, изјави Семин Џамали, началник на ургентниот оддел во локална болница.
По несреќата, која се случила во близина на станицата „Ланди“, сите возови од и кон Карачи биле запрени.